Женската сениорска репрезентација на Македонија во рамки на ЕХФ Неделата ќе одигра квалификациски турнир за пласман на СП 2021 во Шпанија. Сениорската женска репрезентација е дел од групата 2 заедно со репрезентациите на Грција, Исланд и Литванија.
Денеска Македонија убедливо ја совлада Литванија со убедливи 31:21 на полувреме беше 15:12. Најзаслужни за триумфот се најдобриот стрелец Сара Рисотвска со 8 гола и на голот одличен настап имаа Мицевска и Серафимовска со по осум интервенции. Утре играме против Грција за заверка на првото место во групата.



