Во рамките на 24 коло од Прва МФЛ, ,Лавовите” од Ѓорче Петров дојдоа до триумф среде Тетово со пресврт, откако ја совлдаа Ренова со резултат од 1:2. Домаќините поведоа со голот на Шефити во 16 минута, аремито од 1:1 на полувремето го донесе Алексовски со голот во 36 минута. Новите три бода ги донесе ,,Кариоката”, Чарлстон во 93. минута.
Судијата Јован Качевски од Струга авторитетно го водеше натпреварот. Со оваа победа Македонија ЃП се врати на позитивните резултати, а Ренова и натаму има големи грижи за опстанокот во лигата.



