четврток, мај 26, 2022
  • Контакт
  • Импресиум
  • Маркетинг
No Result
View All Result
ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
  • Почетна
  • Спорт
  • МАГАЗИН
  • МУЗИКА
  • ДЕСТИНАЦИИИ
  • ИНТЕРВЈУ
  • Контакт
  • Почетна
  • Спорт
  • МАГАЗИН
  • МУЗИКА
  • ДЕСТИНАЦИИИ
  • ИНТЕРВЈУ
  • Контакт
No Result
View All Result
No Result
View All Result
ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
Почетна Спорт Останато

Македонија ќе се кандидира за домаќин на Европското првенство во Џудо

ЈАВИ СЕ ЈУЖНА ✏️ ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
април 29, 2022
📁 Останато

Македонија и официјално ќе поднесе кандидатура за организација на Европското првенство во џудо за кадети 2024 година. Ова е еден од најважните заклучоци од денешниот работен состанок помеѓу претседателот на Џудо федерацијата на Македонија, Владимир Трпаноски и претседателот на Европската Џудо Унија, Отто Кнеитингер.

„Заедно со потпредседателот Горан Антевски денеска имавме мошне конструктивен работен состанок со претседателот на Европската Џудо Унија, господинот Отто Кнеитингер на кој разговаравме на повеќе важни теми за дополнителен развој и промоција на џудото во Македонија. Задоволство ми е да споделам со сите дека од господнот Кнеитингер добивме отворена и јасна поддршка за организација на европското првенство за кадети кое ќе се оддржи во 2024 година, што е дополнителен мотив за сите заеднички да продолжиме напорно да работиме на нашата кандидатура и да донесеме во земјата еден голем и исклучително важен спортски настан“ – ни изјави претседателот на ЏФМ, господинот Владимир Трпаноски.

Во својата изјава за сајтот на џудо федерацијата, Трпаноски додаде дека покрај за кандидатурата за европското првенство, на средбата на која приствувале и генералниот секретар на ЕЏУ, Мартин Проигер, генералниот директор на ИЏФ, Влад Маринеску, како и следниот претседател на ЕЏУ, господинот Ласло Тот, се разговарало и за стратешкото планирање за развој на џудото во Македонија, а била добиена и официјална потврда од Европската џудо унија за поддршка на неколку големи проекти кои ќе се реализираат во следниот период, меѓу кои и проектите за џудо во полицијата и џудо во армијата за кои ИЏФ ќе обезбеди специјални татами и кимона.

Покрај со високата делегација на ЕЏУ и ИЏФ, во рамките на Европското првенство во џудо кое од денес па се до недела ќе се оддржува во Софија, Република Бугарија, раководните лица на македонското џудо ќе имаат уште неколку работни средби со делегации од други држави.

ShareTweet
Претходна вест

(ВИДЕО) Рекорди, симболика, историја и јубилеи: Ричмонд го ,,уништи” Вест Коуст

Следна вест

Лазаревски најдобар во победата против шампионот Целје

ЈАВИ СЕ ЈУЖНА

ЈАВИ СЕ ЈУЖНА

Портал кој се залага за презентација пред се на македонската публика во сите сфери како спорт, музика, филм и сите слободни артисти кои што сакаат да бидат презентирани на јавноста. Слободно испраќајте ни ги Вашите активности и идеи и ние сме овде за да Ве презентираме на нашата публика.

Слични вести

Македонија ја “преслуша” БиХ со убедливи 3:0 (Сребрена лига)
Останато

Македонија ја “преслуша” БиХ со убедливи 3:0 (Сребрена лига)

✏️ ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
25/Мај/2022
(ВИДЕО) Тампа Беј го реши дербито на Флорида со три хоум-рани
Останато

(ВИДЕО) Тампа Беј го реши дербито на Флорида со три хоум-рани

✏️ Епов Насе
25/Мај/2022
(ВИДЕО) Њујорк Ренџерс ја израмнија серијата против Каролина Хурикејнс
Останато

(ВИДЕО) Њујорк Ренџерс ја израмнија серијата против Каролина Хурикејнс

✏️ Епов Насе
25/Мај/2022
(ВИДЕО) Питсбург го победи Колорадо после четирите меѓусебни порази
Останато

(ВИДЕО) Питсбург го победи Колорадо после четирите меѓусебни порази

✏️ Епов Насе
24/Мај/2022
Следна вест
Лазаревски најдобар во победата против шампионот Целје

Лазаревски најдобар во победата против шампионот Целје

Последно

Вардар против Тиквеш ќе ја прослави титулата

Македонија ја “преслуша” БиХ со убедливи 3:0 (Сребрена лига)

Новиот англиски шестолигаш доведе солидно засилување на тренерската позиција

(ВИДЕО) Тампа Беј го реши дербито на Флорида со три хоум-рани

(ВИДЕО) Њујорк Ренџерс ја израмнија серијата против Каролина Хурикејнс

(ВИДЕО) Дончиќ со дабл-дабл ја спаси првата ,,меч-топка” на Голден Стејт

Ние стремиме кон презентирање на македонската публика во најдобро можно светло, промовирајќи ги сите македонски кои се натпреваруваат на домашна сцена и на меѓународна. Ви благодариме!

Следете не!

© 2020 www.javisejuzna.mk - Креирана и дизајнирана од MaxCode.mk.

  • Контакт
  • Импресиум
  • Маркетинг
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Спорт
  • МАГАЗИН
  • МУЗИКА
  • ДЕСТИНАЦИИИ
  • ИНТЕРВЈУ
  • Контакт

© 2020 www.javisejuzna.mk - Креирана и дизајнирана од MaxCode.mk.