Поради пандемијата со коронавирусот, со одлука на ФИБА кошаркарската репрезентација на Македонија ќе игра турнирски во ,,балон” во Талин, Естонија. Прв наш противник е фаворитот Италија.
,,Аѕурите” поради тоа што се домаќини се и директно пласирани на шампионатот, но сепак тие играат сериозно и по првите две кола имаат и исто толку победи. Македонскиот селектор, Александар Тодоров е убеден дека имаме некакви шанси против нив и дека ќе излеземе да си ги одмериме силите.
За прв пат, во рамките од „Б“ групата од квалификациите за ЕП 2022, Македонија ќе игра против репрезентацијата на Италија. Натпреварот ќе се игра од 15.00 часот и ќе се пренесува во живо на ТВ СпортКлуб 3, бидејќи пренос на македонска телевизија нема да има.



