Македонија беше доминантна во Осло и славеше над Норвешка со 79:41. Беа најдобри, кога за тоа беше најпотребно. Од нив се бараше победа во Осло, и нашите најдобри кошаркари успеаа во тоа.Го одиграа веројатно и најдобриот натпревар во овој втор круг од претквалификациите за место во оние главните – квалификации.Апсолутна доминација имаа „жолто-црвените“ во последниот , шестти меч од „Д“ квалификациитее за пласман на Европското првенство.
И беа наградени избраниците на селекторот Александар Јончевски со голема, победа, и највисока во овие шест натпревари од кои добивме пет, и како првопласирани одиме понатаму. Во квалификациите кои водат кон место на Евробаскетот во 2025 година.
Одлично, само како што можевме да посамаме го отворивме натпреварот на одлука во осло. Префводени од незапирливиот Ти-Џеј Шортс, Македонија брзо постави доминација во играта. Ако брзиот Американец беше недофатлив за противничката одбрана, свои моменти, токму во тој уводен дел имаа и Ѓуроски и Стојановски, кои беа и понетрската логистика на Шотс.Веднаш видливо на ссемафорот, кој на истекот на првата четвртина покажуваше двојно повисока предност на Македонија во однос на Норвешка (24:12).