Македонија во пријателски меч против репрезентацијата на Словенија кој се одигра на Националната арена „Тодор Проески“ испушти победа во 97. минута и одигра само 1-1. Македонија во поголем дел од натпреварот беше подобар противник, а во 56. минута заслужено стигна до водство со мајсторскиот погодок на Елиф Елмас.
Сепак Словенија успеа да се спаси од пораз откако Чрнигој во судиското продолжение во 97. минута го матираше Димитриевски и го постави конечниот резултат.



