вторник, ноември 17, 2026
  • Контакт
  • Импресиум
  • Маркетинг
No Result
View All Result
ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
  • Почетна
  • Спорт
  • МАГАЗИН
  • МУЗИКА
  • ДЕСТИНАЦИИИ
  • ИНТЕРВЈУ
  • Контакт
  • Почетна
  • Спорт
  • МАГАЗИН
  • МУЗИКА
  • ДЕСТИНАЦИИИ
  • ИНТЕРВЈУ
  • Контакт
No Result
View All Result
No Result
View All Result
ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
Почетна Спорт Фудбал

Македонија до 21 година стартува со подготовките за Ерменија и Малта

ЈАВИ СЕ ЈУЖНА ✏️ ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
јуни 12, 2023
📁 Фудбал
Најдобар фитнес центар во Струга Најдобар фитнес центар во Струга Најдобар фитнес центар во Струга

Репрезентацијата на Македонија до 21 година денес во хотел Парк, во 12. часот го имаше собирот со кој го означи почетокот на подготовките за претстојните контролни натпревари против Ерменија и Малта во Скопје.

Младата репрезентација на Македонија на 15. јуни, со почеток во 17. часот ќе ја одигра првата контролна средба против соодветната селекција на Ерменија. Пет дена подоцна на програмата е вториот контролен дуел, во истото време (17. часот) против репрезентацијата на Малта. Двата натпревари ќе бидат одиграни на тренинг центарот „Петар Милошевски”, во Скопје.Нашите млади фудбалери денеска во 17. часот ќе го одработат првиот тренинг во пресрет на двете контролни пресметки.

Еден од нашите најдобри млади фудбалери , Методи Максимов, даде свое видување и коментар за претстојните натпревари на репрезентацијата на Македонија и моменталната форма.

Од натпревар во натпревар играме се подобро, растеме и созреваме заедно како тим. Владее одлична атмосфера во репрезентацијата, се надевам дека до почетокот на квалификациите ќе бидеме во одлична форма и ќе се прикажеме во добро светло. Имаме серија на одлични резултати позади нас. Одигравме одличен турнир во Анталија, иако загубивме два пати незаслужено, особено во дуелот за освојување на првото место против Словачка, каде што бевме подобар противник во текот на сите 90. минути.

Имаме одличен тим, поседуваме голем квалитет и функционираме добро како колектив. Нормално е дека има простор за напредок, се стремиме од натпревар во натпревар да бидеме се подобри и поконкурентни. Сакаме да ги изненадиме  противници со нашата добра и борбена игра.

Треба да веруваме максимално во нас и во нашите можности. Сите како едно треба да продолжиме да се бориме и да даваме се од себе за дресот со државен грб. Сакаме да оствариме две победи против Ерменија и Малта и на одличен начин да ги заокружиме овие подготовки и серијата на контролни мечеви.

-Моментално се чувствувам одлично на физички план, со мојот клуб Шкендија веќе две и пол недели интезивно тренираме. Подготвен сум за претстојните предизвици што ме очекуваат со репрезентацијата на Македонија.

Репрезентацијата на Македонија до 21 година, на 8. септември против Шведска ги започнува квалификациите за пласман на ЕП 2025.

ShareTweet
Претходна вест

Милан Ристовски и Агон Елези: Имаме добра енергија

Следна вест

Ивана Арсениевска направи трансфер во Израел

ЈАВИ СЕ ЈУЖНА

ЈАВИ СЕ ЈУЖНА

Портал кој се залага за презентација пред се на македонската публика во сите сфери како спорт, музика, филм и сите слободни артисти кои што сакаат да бидат презентирани на јавноста. Слободно испраќајте ни ги Вашите активности и идеи и ние сме овде за да Ве презентираме на нашата публика.

Слични вести

Победа на Македонија до 17 години против Унгарија со Хет-трик на Стефан Ристиќ
Фудбал

Победа на Македонија до 17 години против Унгарија со Хет-трик на Стефан Ристиќ

✏️ ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
11/Ное/2026
Поранешен играч на Пелистер и Караорман ќе дебитира за Албанија!
Фудбал

Поранешен играч на Пелистер и Караорман ќе дебитира за Албанија!

✏️ ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
10/Ное/2026
Елмас повторно во Италија: Македонскиот репрезентативец потпиша за Аталанта!
Фудбал

Елмас повторно во Италија: Македонскиот репрезентативец потпиша за Аталанта!

✏️ ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
22/Авг/2026
СТРУШКИОТ БИСЕР ГО НАПУШТА РАБОТНИЧКИ: Дитмир Хоџа на само 17 години заминува во ЛИДС ЈУНАЈТЕД!
Фудбал

СТРУШКИОТ БИСЕР ГО НАПУШТА РАБОТНИЧКИ: Дитмир Хоџа на само 17 години заминува во ЛИДС ЈУНАЈТЕД!

✏️ ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
20/Авг/2026
Следна вест
Ивана Арсениевска направи трансфер во Израел

Ивана Арсениевска направи трансфер во Израел

Последно

Томовски херој на Битигхајм: Гол и 10 одбрани за вреден бод против моќниот Мелсунген!

ДВОЈНА РАДОСТ ЗА ЖРК СТРУГА: ДВЕ ПОБЕДИ ВО ДВА ДЕНА!

ЧАИР ГО ПРЕГАЗИ КУР И ПОВТОРНО ИСПИША ИСТОРИЈА! ОСМИНАФИНАЛЕ ЗА МАКЕДОНСКИОТ ПРЕТСТАВНИК ВО ЕХФ КУПОТ!

Вардар славеше во интересното дерби со Алкалоид

ВО ЖИВО: Вардар – Алкалоид

Победа на Македонија до 17 години против Унгарија со Хет-трик на Стефан Ристиќ

Ние стремиме кон презентирање на македонската публика во најдобро можно светло, промовирајќи ги сите македонски кои се натпреваруваат на домашна сцена и на меѓународна. Ви благодариме!

Следете не!

© 2020 www.javisejuzna.mk - Креирана и дизајнирана од MaxCode.mk.

  • Контакт
  • Импресиум
  • Маркетинг
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Спорт
  • МАГАЗИН
  • МУЗИКА
  • ДЕСТИНАЦИИИ
  • ИНТЕРВЈУ
  • Контакт

© 2020 www.javisejuzna.mk - Креирана и дизајнирана од MaxCode.mk.