Репрезентацијата на Македонија до 19 години одигра нерешено без погодоци против соодветната селекција на Албанија во рамките на првиот контролен дуел одигран помеѓу овие две селекции во Корча кој се одигра на 21 Март.
Двете репрезентации одигра доста тврд натпревар, со многу борбеност и трчање. Одбраните и на двете репрезентации беа на висина на задачата, не оставајќи преголем простор за игра. Македонија одигра подобро второ полувреме во однос на првото во кое имаше повеќе од играта, но на крајот мрежите мируваа.

Репрезентацијата на Македонија вчера беше поразена со минимални 1:0 од соодветната селекција на Албанија во рамките на вториот контролен натпревар што го одиграа овие две селекции во Корча.
Вториот тест меч помеѓу Албанија и Македонија по многу нешта наликуваше на првата пресметка помеѓу овие две селекции. Динамичен натпревар со многу борба, трчање, но без премногу шанси за гол.
Голот за победа, домаќините го постигнаа во 73. минута преку Красниќи. Избраниците на селекторот Ерхан Селими може да жалат за пропуштените прилики во второто полувреме. Цека ја имаше најдобрата можност за Македонија, по нафрлената топка биеше со глава, но ја погоди стативата. Одбиената топка се врати до истиот играч кој со нога биеше од 5 метри, но беше непрецизен. Младеновски ја имаше втората добра прилика, испрати прецизен удар од 16. метри, но немаше среќа, погодувајќи го дирекот на голот.
За репрезентацијата на Македонија предводена од селекторот Ерхан Селими на овие натпревари настапија : Давид Илоски, Александар Балев, Бојан Затуроски, Лука Атанасовски, Адмир Љатифи, Хисар Али, Стефан Младеновски, Ариф Локи, Емир Шаботиќ, Здравко Перески, Игли Хасани, Аритон Мехмед, Павел Трајковски, Горазд Ристовски, Абдула Аслани, Давид Стојаноски, Каменчо Андоновски, Златко Радески, Андреј Мурџески, Назиф Цека, Албион Мусли, Јасин Рашани, Анастас Арнаудовски.
Меѓу сите овие надежи на македонскиот фудбал радува податокот што имаше дури четири фудбалери од Струга и струшкиот регион: Давид Илоски, Бојан Затуроски, Здравко Перески и Андреј Мурџески. Им посакуваме многу успеси и голови и во дресот на Македонија и за нивните клубови.





