недела, октомври 1, 2023
  • Контакт
  • Импресиум
  • Маркетинг
No Result
View All Result
ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
  • Почетна
  • Спорт
  • МАГАЗИН
  • МУЗИКА
  • ДЕСТИНАЦИИИ
  • ИНТЕРВЈУ
  • Контакт
  • Почетна
  • Спорт
  • МАГАЗИН
  • МУЗИКА
  • ДЕСТИНАЦИИИ
  • ИНТЕРВЈУ
  • Контакт
No Result
View All Result
No Result
View All Result
ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
Почетна Спорт Кошарка

Македонија брка пласман во А дивизија на ЕП кое денес стартува во Скопје (У20)

ЈАВИ СЕ ЈУЖНА ✏️ ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
јули 7, 2023
📁 Кошарка

„Ќе се обидеме да се вмешаме во борбата за медалите“ – порачува селекторот Никола Василев пред стартот на првенството

Македонската кошаркарска федерација е домашин на уште едне Европски шампионат. По втор пат од 2009 година, уште еднаш ќе ги нагостиме 19. европски репрезентации, кои од 7 до 16. јули ќе се борат за места кои водат во елитната „А“ Дивизија.А освен што сакаме да бидеме добри домашни, и овојпат сакаме да имаме и добар резултат на првенството, кој се граничи со место во првата „тројка“Нашите младинци се дел од групата „А“ во која за противници ги имаат селекциите на Словачка, Бугарија, Чешка и Ирска…

Со оглед на тоа што се работи за кошаркари на возраст од 20 години кои се веќе „готови“ играчи, јасно е дека конкуренцијата ќе биде голема и тешка иако е првенство од „Б“ дивизијата.Пласман во елитата обезбедуваат првопласираните три на шампионатот што ќе биде предизвик за македонската репрезентација, но селекторот Никола Василев не сака да избрзува со прогнозите и проекциите:

„Атмосферата во тимот е одлична, последните денови се работи на хемијата меѓу играчите на теренот, веќе неколку денови се наоѓаме во ‘карантин’ каде ќе го дочекаме стартот на првенството. Можеби можевме и требаше да одиграме уште некој пријателски натпревар во рамките на подготовките, но тоа е. Имавме три подготвителни дуели на кои видовме до каде сме и кои се нашите недостатоци, се соочивме и со повреди на неколку кошаркари, не бевме постојано комплетни, но најважно е што во моментов сите се здрави и подготвени за настап“.

Василов верува во подготвеноста на играчите кои ги одбра за ова првенство, и од нив ќе бара силна одбрана во текот на сите 40.минути.„Од она што остана како впечаток досега, мора да играме силна одбрана во текот на сите 40 минути за да бидеме конкурентни на првенството и да ја оствариме целта. Сепак, сметам дека подготвени за она што нè очекува“– вели Василев.

Извесно е дека примарна цел е да се “помине“ првата фаза од шампионатот, односно да се обезбеди место во четвртфиналето.„Би сакал да одиме чекор по чекор, во моментов најважно е да ја поминеме групата, па потоа можеме да размислуваме за се, за сите опции. Како конкуренти за највисок пласман ги гледам Чешка, Финска и Шведска, но и ние ќе се обидеме да се вмешаме во борбата за медалите“ – додава селекторот пред почетокот на шампионатот во нашиот главен град.

НАТПРЕВАРУВАЧКИ ГРУПИ

ГРУПА А: Словачка, Бугарија, Чешка, Ирска, МАКЕДОНИЈА

ГРУПА Б: Луксембург, Велика Британија, Португалија, Унгарија, Австрија

ГРУПА Ц: Косово, Шведска Украина, Грузија, Азербејџан

ГРУПА Д: Албанија, Финска, Летонија, Холандија, Швајцарија

РАСПОРЕД НА НАТПРЕВАРИТЕ

ГРУПА А

7. ЈУЛИ (ПЕТОК)

13.30: Бугарија – Ирска

18.30: МАКЕДОНИЈА – ЧЕШКА

Словачка – слободна

8. ЈУЛИ (САБОТА)

18.30: Словачка – МАКЕДОНИЈА

21.00: Чешка – Бугарија

Ирска – слободна

9. ЈУЛИ (НЕДЕЛА)

16.00: Бугарија – Словачка

18.30: Ирска – Чешка

МАКЕДОНИЈА – слободна

10. ЈУЛИ (ПОНЕДЕЛНИК)

СЛОБОДЕН ДЕН

11.ЈУЛИ (ВТОРНИК)

18.30: МАКЕДОНИЈА – Бугарија

21.00: Словачка – Ирска

Чешка – слободна

12. ЈУЛИ (СРЕДА)

16.00: Чешка – Словачка

18.30: Ирска – МАКЕДОНИЈА

Бугарија – слободна

МАКЕДОНИЈА НА ЕП ВО СКОПЈЕ

1.Марин Петков    бек     192см.          Феникс 2010-Скопје

3.Андреј Шошкиќ бек     187см.          Работнички-Скопје

6.Тома Стојановски         крило            198см.          Гостивар

7.Резарт Мемед    бек-шутер   192см.          Сигал Приштина (Косово)

8.Петар Бошалески          бек-шутер   192см.          Работнички-Скопје

9.Никола Бојчев    крило            192см.          Еуро Никел 2005-Кавадарци

10.Филип Наков    бек     194см.          Водно Санс – Скопје        

11.Андреј Митревски     190см.          Феникс 2010 – Скопје

12.Амар Хот            силно крило           199см.          Феникс 2010 – Скопје

13. Виктор Стојковски    центар          202см.          МЗТ Скопје Аеродром-Скопје

15.Теодор Симиќ центар          215см.          Игокеа (БиХ)

17.Никола Василевски   бек     192см.          Навико Академија ФМП-Скопје

СТРУЧЕН ШТАБ

Селектор: Никола Василев

Асистент-тренер: Нино Чачиќ

Асистент-тренер: Миодраг Тодоровиќ

Кондициски тренер: Тони Богдановски

Доктор: Веселинка Лалчевска

Физиотерапевт: Бранка Ступар

ShareTweet
Претходна вест

Македонија ја совлада убедливо Норвешка (ЕП под 18)

Следна вест

„Индијана Џонс: Бројчаник на судбината“ е петтото продолжение на серијалот (Видео)

ЈАВИ СЕ ЈУЖНА

ЈАВИ СЕ ЈУЖНА

Портал кој се залага за презентација пред се на македонската публика во сите сфери како спорт, музика, филм и сите слободни артисти кои што сакаат да бидат презентирани на јавноста. Слободно испраќајте ни ги Вашите активности и идеи и ние сме овде за да Ве презентираме на нашата публика.

Слични вести

МЗТ подобар од Феникс во финалето од Суперкупот
Кошарка

МЗТ подобар од Феникс во финалето од Суперкупот

✏️ ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
24/Сеп/2023
Жкк Струга 2009 во заедничка еколошка акција со Царскиот универзитет од Токио (Галерија)
Кошарка

Жкк Струга 2009 во заедничка еколошка акција со Царскиот универзитет од Токио (Галерија)

✏️ ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
29/Авг/2023
(Видео) Чудесниот Дончиќ ја водеше Словенија до победа на СП
Кошарка

(Видео) Чудесниот Дончиќ ја водеше Словенија до победа на СП

✏️ ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
26/Авг/2023
Талентираната Јана Кукунешоска се сели во Вардар
Кошарка

Талентираната Јана Кукунешоска се сели во Вардар

✏️ ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
19/Авг/2023
Следна вест
„Индијана Џонс: Бројчаник на судбината“ е петтото продолжение на серијалот (Видео)

„Индијана Џонс: Бројчаник на судбината“ е петтото продолжение на серијалот (Видео)

Последно

Струшките триатлонци одлични на државното првенство во друмски велосипедизам

Одличниот Талески најефикасен во победата на Бенфика

Костески и Кукуловски ги водеа своите тимови до победи

Победи на фаворитите во 4.коло од Суперлигата (Целосен извештај)

Бошњак и Бугариновиќ го “торпедираа” Скопје

ВО ЖИВО: Аеродром – Алкалоид

Ние стремиме кон презентирање на македонската публика во најдобро можно светло, промовирајќи ги сите македонски кои се натпреваруваат на домашна сцена и на меѓународна. Ви благодариме!

Следете не!

© 2020 www.javisejuzna.mk - Креирана и дизајнирана од MaxCode.mk.

  • Контакт
  • Импресиум
  • Маркетинг
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Спорт
  • МАГАЗИН
  • МУЗИКА
  • ДЕСТИНАЦИИИ
  • ИНТЕРВЈУ
  • Контакт

© 2020 www.javisejuzna.mk - Креирана и дизајнирана од MaxCode.mk.