„Индијана Џонс: Бројчаник на судбината“, најверојатно, е последниот филм од франшизата. Петтото продолжение на „Индијана Џонс“ е солиден крај на серијалот. Џејмс Менголд е еден од оние талентирани режисери каде секој филм е приказна за себе и огромен жанровски скок поради што многу е тешко да се стави во фиока.
Иако приказната е типична за серијалот, има солиден заплет, кој воопшто не заостанува зад ниту едно од претходните продолженија.Она што автоматски му успева на Манголд е отворањето на филмот, во кој гледаме подмладен Џонс со глас на старец. Сепак, и покрај малку послабите CGI-моменти и фактот што помладиот Форд звучи како старец, тој е пример за добро подмладување и петтиот дел навистина успева да нè врати во деновите на гордоста и славата.