Македонија од 18:30 часот го игра вториот квалификациски натпревар од групната фаза за Европско првенство и на гостувањето против Швајцарија ќе оди на втора победа по премиерната против Финска.
Селекторот Данило Брестовац ќе има хендикеп на овој натпревар, бидејќи надвор од состав ќе биде левото крило, Дејан Манасков и единствена опција на оваа позиција ќе биде Бојан Маџовски.
За дуелот во Швајцарија Македонија остана и без услугите на Марио Танкоски, Мартин Поповски, Мартин Велковски и голманот Кизиќ. Испразнетото место во националниот тим ќе го пополни дефанзивецот Кукоски.
Македонија и Данска имаат по една победа во групата и доколку ги совладаат Швајцарија и Финска ќе направат голем чекор кон првите две позиции во групата.



