Феноменален старт на сезоната за Мартин Томовски во Германија. Македонскиот репрезентативен голман е убедливо најдобар голман во Втората Бундеслига по првите девет кола од шампионатот.
Томовски, кој ја брани мрежата на Битигхајм, досега има 102 успешни интервенции – најмногу од сите голмани во лигата. Второпласираниот Паскал Бохман заостанува со четири одбрани помалку.

Но не е само квантитетот – и квалитетот е на страна на македонецот. Томовски има 34% успешност на одбранети удари, што исто така е највисок процент во конкуренцијата. Овие бројки најдобро ја отсликуваат неговата стабилност и влијание во играта на Битигхајм, кој сезонава има амбиции за највисок пласман.





