Ден три, и три од три за нашите селекции на турнирот во Лесковац, Србија! Најпрво победи запишаа генерациите М14 и М16. Потоа во право финале кое заврши нерешено, после изведувањето пенали нашите најмлади ракометари М12 покажаа карактер, и уште еднаш ја победија екипата на Смедерево, и после минатогодишниот сребрен медал, годинава се освојувачи на овој силен меѓународен турнир. Во серијата седмерци прецизни кај нас беа Бебекоски, Милошески и Коцарески, противникот двапати промашуваше, а еден удар скроти нашиот голман Николовски. За најкорисен играч заслужено беше прогласен нашиот Л. Милошески, а со една година задоцнување и голманот
Н.Николовски го доби признанието за нај голман на претходното издание, поради нашето порано заминување за дома.
Големо браво за овие деца и РШ Динг 2021 што во вистинско светло ја репрезентираат Струга и Македонија надвор од нашите граници. – стои во објавата на РШ Динг 2021 од Струга




