Тони Лазов освои сребрен медал на шаховската Олимпијада во конкуренција на сите шахисти кои играа на втората табла на ова големо натпреварување.
Македонскиот шахист Тони Лазов стигна до одлични 7.5 освоени бодови, и не загуби ниту еднаш.
Лазов стана и четвртиот Македонец кој освоил медал на Шаховска Олимпијада, после Трајко Недев, Драгољуб Јаќимовиќ и Владимир Георгиев.




