На премиерата на новото издание на втората јадранска лига, „металците“ доста подобри од црногорски Теодо (68:50)

Освен изедначената игра во третата четвртина, сето останато беше на страната на македонскиот шампион на отворањето на новата сезона во АБА 2 лигата
МЗТ СКОПЈЕ АЕРОДРОМ – ТЕОДО 68:50
МЗТ Скопје во Аеродром имаше успешен почеток на новата натпреваруваќка сезона во АБА 2 лигата. Новиот тим на „сино-белите“ исполнет со неколку нови играчи, но и повратници во скопската населба, прикажа добра игра, особено тоа се оцднесува на сегментот наречен одбрана.




