Екипата на Холабрун на Влатко Митков и Никола Костески славеше мнoгу важна победа против Aтзкерсдорф со 31-28 во австриската челинџ (втора) лига.
Македонските ракометари изиграа одлично и беа главни творци во победата. Влатко Митков беше МВП на натпреварот со 8 голови, додека Никола Костески го следеше со 4 погодоци.