Холабрун на македонските интернационалци Никола Костески и Влатко Митков, загуби на стартот на плеј-офот за влез во најсилната лига во Австрија на гости кај Корнебург со 27-22.
Десното крило Никола Костески со 7 голови беше најефикасен во неговиот тим, а го следеше искусниот Влатко Митков со 6 погодоци (4 од пенал).