Откако најдобрата четворка во македонскиот женски одбојкарски шампионат го реши прашањето за влез во полуфиналето од разигрувањето, преостанатите натпревари од Втората фаза-1 единствено може да влијаат на формирањето на двојките за нокаут-сегментот.
Наковски Волеј во градското локално дерби ја пречека Струмица жени, а резултатот од овој натпревар гласи 0:3 по сетови (16:25,14:25,15:25). ОК Струмица која само две години активно игра во одбојкарската лига, од натпревар по натпревар игра се подобро. Во претходната нивна пресметка исто така победата им припадна на Струмица.
Со новите освоени бода, сега струмичанки го меркаат и второто место на табелата, а во победничкиот табор поените ги постигнаа: Пандева 19 поени, Дикова 19, Владевска М 6, Владевска Д 3, Иванова 4 и 9 поени зад своето име запиша Каралијска.



