Македонската репрезентативка Елена Ливриниќ во романскиот шампионат со нејзината екипа Глорија Бузау ремизираше против Дунареа Браила 25:25. Ливриниќ одигра одличен меч и постигна 4 голови од 4 обиди и беше најефикасна во нејзиниот тим.
Тимот на Глорија Бузау се наоѓа на 4. позиција на табелата во романскиот шампионат.