Англискиот првак Ливерпул е подготвен во јануарскиот преоден рок во своите редови да го доведе Езекиел Гарај. Искусниот 34-годишен моментно е без клуб, откако летоска му заврши договорот со Валенсија, а поради повредата на коленото остана без ангажман.
Ливерпул е во потрага по искусен стопер кој треба да биде замена за повредениот Вирџил ван Дајк. Интересно е што Ливерпул, не е единствен тим што сака да потпише со Гарај, затоа што шпанските медиуми шпекулираат дека Барселона може да ја засили одбраната во јануари рокму со аргентинскиот дефанзивец. Гарај е без ангажман и доколку потпише за некој тим, тоа ќе биде без да биде платено ниту едно евро за обештетување.



