
Триесет и осмото коло од англиската Лиг 2 беше затворено со минималната победа од 0-1 на Форест Грин против Колчестер.
За двете екипи, ова беше деветти меѓусебен дуел во историјата, односно петти во корист на Форест Грин, со кој се задржа традицијата без ниедно досегашно реми.
Стрелец на единствениот погодок на натпреварот беше Метју Стивенс (9′), кој со дваесет и три голови е втор најефикасен фудбалер во лигата, зад Доминик Телфорд (24, Њупорт).
Во текот на мечот, Форест Грин ја имаше контролата и поседот на топката со што ја ,,умртви” играта на противникот и дојде до првиот триумф после 8 февруари.
И покрај постот од седум лигашки пресметки без победа, Роверс останаа на врвот на табелата со осум бодови предност во однос на второпласираниот Ексетер.
Од друга страна, Колчестер се бори за опстанок и се наоѓа на дваесеттата позиција со осум поени над опасната зона.