Легендата на францускиот ракомет, Тјери Омејер е именуван за нов директор на ПСЖ. Некогашниот голман е наследник на Бруно Мартини кој доби отказ по осумгодишна работа.
Иако сезонава потроши 19 милиони евра и има најголем буџет во Европа, а сепак ПСЖ не стигна подалеку од третото место во Лигата на шампионите и пак се задоволи со француската титула.
Омејер добива работна улога со голем притисок по завршувањето на играчката кариера. Францускиот шампионат е на едномесечна пауза, заради настапот на Франција на Светското првенство во Египет. Инаку Омејер ќе му се довери задача да го реконструира тимот на клубот.



