Популарната мини-турнеја ,,Зеефелд Трипл”, одржана во Зеефелд (Австрија), во рамките на Светскиот куп во нордиска комбинација, заврши со домашно славје.
Имено, на две од трите натпреварувања, до победа дојде Јоханес Лампартер, кој исто така, запиша и едно второ место.
Денес, Австриецот (30:26,4) беше прв и после двете серии, а поради отсуството на Јарл Магнус Риибер, успеа да го преземе и водството во генералниот поредок.
На денешната трка, второто и третото место ги освоија Јулијан Шмид (+16,5) и Јенс Лураас Офтебро (+17,4), кои беа најбрзи од целата група во која скијаа уште Винценц Гајгер (+23,5) и Штефан Ретенегер (+23,8).