Актуелниот шампион Еурофарм Пелистер остана во трка за одбрана на титулата, откако синоќа пред своите гледачи во Битола го совлада Вардар 1961 со 27-21 (полувреме10-10) во големото македонско ракометно дерби.
Најефикасен во редовите на Еурофарм Пелистер беше капитенот Филип Кузмановски со осум голови, додека голманот Урбан Лесјак запиша седум одбрани, од кои две интервенции во серија во последниот напад на гостинскиот тим.
По подолг период се вратив во мојот матичен клуб, бев многу мотивиран и цело време мислев на ваквите дерби натпревари. Имавме среќа да отвориме во плеј-офот против Вардар 1961. Сите знаеме што значи ова дерби, среќен сум за победата и за мојата екипа.Изгинавме до остварување на целта, иако во првиот дел игравме во грч. Големо брагодарност до нашите навивачи, кои ни дадоа поддршка кога најмногу требаше. Оваа победа многу ни значи, знаеме што следи во плеј-офот и ќе одиме натпревар по натпревар. Нема опуштање, бидејќи овој плеј-оф е најдобар во последните години. Нема никого да потцениме. Ова е само еден голем чекор за клубот, градот, претседателот, навивачите.-изјави капитенот Кузмановски