Очекувано на вчерашниот натпревар од првото коло во плејофот тимот на Струга во Кавадарци загуби од фаворитот Тиквеш.
Шанса како и во текот на целата сезона Наум Танески селекторот на кадетите и тренер на РК Струга им дава шанса и на доста млади кадети и пионери да почуствуваат натпревари против најсилните сениорски екипи во Македонија.
На дуелот против Тиквеш својот прв гол на официјален натпревар за сениорскиот тим на Струга ,го постигна талентираното лево крило Стефан Ѓорѓиески роден 2008 година.