Вечерва со почеток од 20.15 часот во спортската сала „Боро Чурлевски“ во Битола екипата на Еурофарм Пелистер ќе го игра четвртфиналниот натпревар од СЕХА лигата против Мешков Брест.
“Минавме тешки припреми во Маврово. Таму бевме една недела и напорно трениравме. Следеше турнирот во Струга, каде игравме добри натпревари со квалитетни екипи. Тие натпреварите ни послужија за воигрување на екипата и подготвени го чекаме утрешниот натпревар. Исто така нестрпливи се и нашите навивачи и битолската јавност. Се надевам дека салата ќе биде исполнета и верувам во победа.” – изјави младиот Цветан Кузманоски.




