Вардар 1961 е првиот финалист во Купот на Македонија, oткако предмалку во првото полуфинале во Автокоманда го совлада бранителот Металург со 22-27 (полувреме 12-14).
Кај Вардар 1961 најефикасни беа Чупиќ со 7 и Јотиќ со 6 голови, додека во составот на Металург се истакнаа Серафимов и Калуѓеровиќ со по 6 гола. Борко Ристовски и Даниел Дупјачанец беа одлични на голот на Вардар и Металург. Борко забележа 13 одбрани, додека Дупјачанец имаше 14 одбрани.



