Екипата на Црн Дрим не ја искористи предноста на домашен терен и не успеа да слави против Кожув со што ќе обезбедеше опстанок. Гостите од Гевгелија славеа со 78-85 и се изборија за мајсторка.
Најдобри кај домаќините беа Настовски со 18 и Пантиќ со 17 поени, 7 скока и 5 асистенции. Кај гостите Кампара со 23 поени и 8 скока и Пајиќ со 22 коша, 5 скока, 1 асистенција и 2 украдени топки беа најзаслужни за победата.



