Целата идеја започна мината година од група вљубеници во трчањето кои учествуваат на многу атлетски трки, кои се запрашаа зошто и Кичево да не се запише на мапата на атлетски градови во Македонија.
Така започна оваа идеја која денес е пред реализација, и со големо задоволство известуваме дека првата атлетска трка во Кичево на 5 км и 10 км ќе се одржи на 29 октомври, а пријавувањето е на www.smartrace.club
Да се поттикне трчањето како рекреативен спорт во Кичево е одлична работа за целата заедница.
Нашата цел е да поттикнеме што поголем број да одлучат да се пријават и да ја истрчаат својата прва трка, да ја почувствуваат целата убавина на трчањето како спорт.
Ние како тим амбициозно влегуваме во овој проект кој што се надеваме ќе ги привлече и најдобрите во Македонија, кои со нивното учество ќе му дадат вредност на овој спортски настан.
Блескава промена е да истрчаш една трка.
Затоа
Ве покануваме на првата атлетска трка во Кичево “KRun 2023”




