
Во премиерниот меч од саботната програма на четвртото коло од англискиот Чемпионшип, КПР и Барнсли ремизираа со 2-2.
Двете екипи одиграа две потполно различни полувремиња во кои беа постигнати по два погодоци.
Во првиот дел, Барнсли го искористи својот пресинг и со двата брзи голови на Доминик Фризер (14′) и на Коли Вудроу (27′) поведе со 0-2.
Овој резултат беше актуелен сè до последните петнаесет минути, кога Илијас Шер (76′) и Чарли Остин (90+1′) двапати ја затресоа мрежата на Бредли Колинс за конечни 2-2.
На табелата, со натпревар повеќе во однос на конкурентите, КПР го држи првото, а Барнсли – десеттото место.



