
Поради неповолните услови на теренот, планираниот саботен натпревар од петнаесеттото коло на ВМФЛ Исток помеѓу Кожуф и Братство Житоше беше одложен за денес.
Имено, на Градскиот стадион во Гевгелија, Кожуф ја заврши календарската 2021 година со важен триумф од 1-0.
Стрелец на единствениот погодок беше дефанзивецот Томица Петров (28′) по асистенција на Крсте Тодоров.
Домаќините беа далеку поопасни во првото полувреме, имајќи неколку огромни прилики, но во вториот дел, силите на зелениот тревник беа израмнети.
Со новите три поени, Кожуф излезе од опасната зона и скокна на петтото место, пред сè поради ремито од 0-0 на Осогово и на Детонит.
Од друга страна, Братство остана на претпоследната деветта позиција со само седум освоени бодови.