Линц на домашен терен славеше над Брегенц со 34-30 во последниот меч од лигашкиот во Австрија оваа сезона. Никола Костески одигра уште еден одличен меч денес и беше втор стрелец во Линц со 6 голови, имаше 3 украдени топки, 1 асистенција и 1 изнуден пенал. Поефикасен од него беше само Кислингер со 7 гола (5 од линијата од 7 метри).

Австриската федерација донесе одлука следната сезона лигата да брои 12 екипи и да нема испаѓање. Најблиску до влез од екипите од втора лига е Холабрун, тим во кој настапува македонскиот интернационалец Влатко Митков и кој е еден од главните играчи и таму.



