Талент Плзен и македонскиот интернационалец Никола Костески, во реприза на ланското финале во Чешка, на домашен терен славеа со 28-22 против Карвина.
Никола Костески со 6 гола беше лидер на теренот и заедно со младиот Блаха со 7 погодоци најзаслужни за победата, против тимот за кој брани големиот Мартин Галија.
Плзен останува на врвот на табелата со шест победи и едно реми во досегашниот дел од шампионатот на Чешка.