Македонската репрезентативка Сара Ристовска е првата ракометарка во историјата на рускиот шампион ЦСКА Москва која успеа да постигне 500 погодоци!
„Ѝ честитаме на Сара од длабочината на нашето срце. Ова е само почеток! – стои во честитката на фејсбук-профилот на клубот.

Македонската репрезентативка која настапува во шампионот на Русија од 2019 година не е само најдобар стрелец на клубот, туку е една од омилените ракометарки на навивачите на ЦСКА Москва.