Вeчерва со почеток од 20.45 часот екипата на Еурофарм Пелистер против Фуксе Берлин на гостински терен ќе го игра претпоследниот деветти натпревар од групата „Д“ во Лигата на Европа.
Се подготвуваме за натпреварот против Фуксе Берлин, иако немаме доволно време за припрема. Вчера игравме против Алкалоид, денеска патуваме и имаме многу малку време да се спремиме. Знаеме каков противник имаме против себе, нема потреба да трошиме зборови за Фуксе Берлин, мотивира самата средба против ваква екипа. Ќе се подготвиме најдобро што можеме, па сигурен сум и верувам дека ќе дадеме максимум за што е можно подобар резултат. – изјави десното крило Ненад Костески.