Eкипата на Талент Плзен стигна до седмата победа во седмиот натпревар во првенството на Чешка откако славеше на гостувањето кај Страхотинце со 24:40. За вицепрвакот на Чешка, тимот на Плзен оваа сезона настапува и нашето десно крило Никола Костески кој е прв стрелец и играч на клубот во досегашниот дел од сезоната.
На последниот натпревар македонскиот ракометар Никола Костески одигра околу 25. минути за кои постигна 2 гола од 2 обиди, и имаше 3 украдени топки. На овој натпревар тренерот Штохл им даде повеќе минутажа на ракометарите кои играа помалку во досегашниот дел од сезоната. Плзен после ова коло останува единствена екипа со максимален учинок во чешкиот шампионат.



