Никола Костески и неговиот тим Талент Плзен стигнаа и до шестата победа и во шестиот натпревар од шампионатот на Чешка. Вчера Плзен беше подобар против силниот Татран Прешов со 37:34.
Поради густиот распоред на натпревари среда-сабота во овој дел од сезоната тренерот Штохл реши да ротира и да ја подели минутажата подеднакво на сите ракометари. Вчера нашиот ракометар Костески играше само во првото полувреме во кое одлично ги искористи своите шанси и постигна 2 гола, а притоа имаше и 2 украдени топки.