Динамо Букурешт во 4. коло од Лигата на шампионите славеше против Порто со резултат 32:27, со што ја оствари првата победа, додека Порто останува на дното на табелата во групата А без победа во досегашниот дел.
Најефикасен во победничката екипа беше Али Зеин со десет гола , додека на голот на Порто македонскиот голман Никола Митревски беше одличен со 10 одбрани од кои вреди да се издвои еден зицер.