вторник, ноември 17, 2026
  • Контакт
  • Импресиум
  • Маркетинг
No Result
View All Result
ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
  • Почетна
  • Спорт
  • МАГАЗИН
  • МУЗИКА
  • ДЕСТИНАЦИИИ
  • ИНТЕРВЈУ
  • Контакт
  • Почетна
  • Спорт
  • МАГАЗИН
  • МУЗИКА
  • ДЕСТИНАЦИИИ
  • ИНТЕРВЈУ
  • Контакт
No Result
View All Result
No Result
View All Result
ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
Почетна Спорт Ракомет

Костески е гол-машина! Кои се најефикасни македонци низ Европските лиги (Фото)

ЈАВИ СЕ ЈУЖНА ✏️ ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
декември 22, 2022
📁 Ракомет
Најдобар фитнес центар во Струга Најдобар фитнес центар во Струга Најдобар фитнес центар во Струга

Македонија и оваа година нема многу ракометари кои играат низ европските лиги . Порталот www.javisejuzna.mk се потруди да направи истражување за ефикасноста на неколкумината кои настапуваат оваа полусезона.

Убедливо најефикасен македонец во Европа и оваа година е Никола Костески кој настапува за чешкиот вицепрвак Талент Плзен со 118 голови на 23 натпревари или 5,13 гола по натпревар. Костески има 90 гола на 19 натпревари во првенството и Купот на Чешка и 28 голови на 4 натпревари во ЕХФ Купот.

Втор после него е неговиот соиграч од ланската сезона Влатко Митков со 102 голови на 12 натпревари или 8,5 гола по натпревар. Митков настапува во втората лига на Австрија во тимот на Холабрун.

Трет на листата е Костадин Петров кој настапува во втората лига во Исланд. Петров има 73 голови на 11 натпревари или 6,6 гола по натпревар.

Четврти на листата е Мартин Поповски со 48 голови на 23 натпревари или 2,08 гола по натпревар. Поповски кој настапува во тимот на Амитичија Цирих во Швајцарија постигна 38 голови на 19 меча во првенството и 10 гола на 4 меча во Лигата на Европа.

После нив доаѓаат нашите двајца ракометари кои настапуваат во Ваљадолид во Шпанија. Дарко Димитриевски ина постигнато 33 голови, додека Димитар Димитриоски 30 голови во Асобал лигата.

Легендарното десно крило Владимир Темелков погодува и во петтата деценија од животот за Каерјенг во Луксембург и има постигнато 21 гол на 9 натпревари или 2,33 по натпревар.

Последен на оваа листа е единствениот македонец кој игра во најсилната лига во светот Бундеслигата. Македонскиот репрезентативец Филип Кузмановски оваа година има постигнато 18 голови во дресот на Хановер.

ShareTweet
Претходна вест

Промената на тренерот вроди со плод: Ираклис Лариса го доби градското дерби

Следна вест

Динамо Москва со шут-аут до победа над Динамо Минск

ЈАВИ СЕ ЈУЖНА

ЈАВИ СЕ ЈУЖНА

Портал кој се залага за презентација пред се на македонската публика во сите сфери како спорт, музика, филм и сите слободни артисти кои што сакаат да бидат презентирани на јавноста. Слободно испраќајте ни ги Вашите активности и идеи и ние сме овде за да Ве презентираме на нашата публика.

Слични вести

Македонски ѕид во Германија: Томовски ја реши битката за врвот!
Ракомет

Томовски херој на Битигхајм: Гол и 10 одбрани за вреден бод против моќниот Мелсунген!

✏️ ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
16/Ное/2026
ДВОЈНА РАДОСТ ЗА ЖРК СТРУГА: ДВЕ ПОБЕДИ ВО ДВА ДЕНА!
Ракомет

ДВОЈНА РАДОСТ ЗА ЖРК СТРУГА: ДВЕ ПОБЕДИ ВО ДВА ДЕНА!

✏️ ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
15/Ное/2026
ЧАИР ГО ПРЕГАЗИ КУР И ПОВТОРНО ИСПИША ИСТОРИЈА! ОСМИНАФИНАЛЕ ЗА МАКЕДОНСКИОТ ПРЕТСТАВНИК ВО ЕХФ КУПОТ!
Ракомет

ЧАИР ГО ПРЕГАЗИ КУР И ПОВТОРНО ИСПИША ИСТОРИЈА! ОСМИНАФИНАЛЕ ЗА МАКЕДОНСКИОТ ПРЕТСТАВНИК ВО ЕХФ КУПОТ!

✏️ ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
15/Ное/2026
Вардар славеше во интересното дерби со Алкалоид
Ракомет

Вардар славеше во интересното дерби со Алкалоид

✏️ ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
14/Ное/2026
Следна вест
Динамо Москва со шут-аут до победа над Динамо Минск

Динамо Москва со шут-аут до победа над Динамо Минск

Последно

Томовски херој на Битигхајм: Гол и 10 одбрани за вреден бод против моќниот Мелсунген!

ДВОЈНА РАДОСТ ЗА ЖРК СТРУГА: ДВЕ ПОБЕДИ ВО ДВА ДЕНА!

ЧАИР ГО ПРЕГАЗИ КУР И ПОВТОРНО ИСПИША ИСТОРИЈА! ОСМИНАФИНАЛЕ ЗА МАКЕДОНСКИОТ ПРЕТСТАВНИК ВО ЕХФ КУПОТ!

Вардар славеше во интересното дерби со Алкалоид

ВО ЖИВО: Вардар – Алкалоид

Победа на Македонија до 17 години против Унгарија со Хет-трик на Стефан Ристиќ

Ние стремиме кон презентирање на македонската публика во најдобро можно светло, промовирајќи ги сите македонски кои се натпреваруваат на домашна сцена и на меѓународна. Ви благодариме!

Следете не!

© 2020 www.javisejuzna.mk - Креирана и дизајнирана од MaxCode.mk.

  • Контакт
  • Импресиум
  • Маркетинг
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Спорт
  • МАГАЗИН
  • МУЗИКА
  • ДЕСТИНАЦИИИ
  • ИНТЕРВЈУ
  • Контакт

© 2020 www.javisejuzna.mk - Креирана и дизајнирана од MaxCode.mk.