Македонскиот шампион Еурофарм Пелистер е дел од ТВ турнирот на шампионите во Добој. Прв ривал денес му е египетскиот Ал Ахли.Во среда противник на нашиот шампион му е домаќинот Слога Добој, додека на 17 август игра против Монпелје, а на 18 август ќе биде дуелот за пласман.
„Овој турнир е екстра-квалитетно натпреварување, има голема традиција, се работи за најстариот турнир на Балканот. Овие натпревари во Добој ќе бидат добар тест за сите нас пред почетокот на сезоната.
Се подготвуваме за Ал-Ахли, нè чека многу квалитетен ривал. Ќе одиграме максимално, ќе дадеме сè од себе да ги почнеме овие подготовки со позитивни резултати“, изјави младото десно крило Ненад Костески.