Тимот на Талент Плзен на домашен терен славеше против составот на Страконице со 43:25 во натпревар од 21. коло во чешкиот шампионат.
Никола Костески играше во првото полувреме во кое постигна 4 гола од 4 обиди и имаше 2 украдени топки. Во вториот дел шанса за игра добија сите ракометари во составот на Талент Плзен кој останува лидер на табелата со 37 бода.