Изминатиов викенд за тимот на Гостивар на гостувањето против ТФТ дебитира Габриел Коскоски, единствениот стружанец кој настапува во најквалитетната кошаркарска лига во Македонија
Коскоски поради повреда не влезе во игра на претходните натпревари и ова е негов прв натпревар од стартот на сезоната. На паркетот помина 14. минути за кои постигна 4 коша и оствари еден скок.
