Поради коронавирусот и Македонија која има проблеми околу справување со оваа ситуација доведени се македонските спортисти да бидат оневозможени да се натпреваруваат надвор од нашите граници. Најдобриот македоски автомобилист Игор Стефановски Иџе е спречен да се појави на првата овосезонска трока во ТЦР Европа шампионатот во Италија на познатата патека ,,Муџело” на 18 и 19 јули.
Познатиот и наш најтрофеен возач бара помош преку социјалните мрежи некој да помогне со совет околу оваа настана нималку пријатна ситуација:
! ВАЖНО!
Почитувани, Ве известуваме дека настапот на првата трка во Италија, на патеката Мугело, наредниот викенд 18-19.07.2020 г. е доведен под сериозен знак прашалник по објавата дека се затвораат границите за државјаните на Македонија за влез во Италија. Во моментов правиме напори да изнајдеме начин да отпатуваме, но времето е се пократко. Во четврток треба да сме пристигнати во Италија за да може регуларно да се пријавиме на патеката. Доколку некој познава процедура како да се влезе во Италија во вакви околности молиме да не контактира!