Барис Нур-Султан, по четирите последователни триумфи, го запиша првиот пораз и тоа на домашен терен од главниот конкурент за влез во плејофот – Торпедо Нижњи Новгород.
Имено, гостите од Русија триумфираа со 2-3 среде казахстанската престолнина за првпат после 8 јануари 2017. Клучен елемент за седмата победа во последните девет мечеви на Торпедо беше капиталната предност од 0-3 на средината на натпреварот. Стрелци на трите погодоци беа Сергеј Гончарук, Михаил Варнаков и Џастин Клус.
Во втората третина, двапати преку Фил Вароун, екипата на Барис Нур-Султан успеа да го намали својот заостаток на 2-3 и со самото тоа да го постави конечниот резултат.
И покрај поразот, Барис останува на деветтото место на Истокот, со еден бод и пет натпревари помалку во однос на осмопласираниот Сибир Новосибирск. Од друга страна, Торпедо е седми пет поени предност во однос на денешниот ривал.



