
Шампионот на Алпската лига од минатата сезона, засега не успева да се вклопи во дебитантскиот настап во ИЦЕ Лигата.
Имено, иако го започна првенството со триумф од 2-3 над Грац, екипата на Азијаго поврза шест порази и остана на последното место на табелата.
Во предвремениот меч од деветтото коло, италијанските претставници беа надиграни од петтопласираниот Клагенфурт со 1-4.
После две третини, популарните ,,Рот Јакен” водеа со 0-4, откако двапати погоди Лукас Лесио, а по еднаш – Томас Кох и Ник Петерсен.
Од друга страна, единствен стрелец за домашниот состав беше Ентони Салинитри на четири минути пред крајот.




