Тимот на КК Работнички прослави нови бодови овој пат против Еуро Никел со резултат од 83:84 во рамки на Првата кошаркарска лига и со шестата овосезонска победа скокна кон горниот дел на табелата.
Во победничкиот табор најефикасен заврши новото засилување на ,,Центарци”, Филип Бундовиќ кој дојде од Цибона и натпреварот го заврши со дабл-дабл ефект од 27 поени и 12 скока, при тоа придодаде и 3 асистецнии, а во чекор го следеше Кирил Николовски со 17 поени. Кај Еуро Никел, Дубински даде 22, а Рикиќ 17 поени.
Фото: https://kfsm.mk/



