Кошаркарите на КК Куманово ја продолжуваат одличната серија во домашниот шампионат, откако во првото коло по репрезентативната пауза успеаја да најдат решение за разиграниот Гостивар и да извојуваат голема победа од 81:73, со која значително ги зголемија шансите за пласман во разигрувањето за титулата во Првата лига. Ливингстон од Куманово со 27 поени беше најпрецизниот кошаркар на паркетот, а на спротивната страна прв стрелец беше Тајрел со 26 поени.
Фото: https://kfsm.mk/