Европскиот шампион Вардар по втор пат е совладан по фазата по групи овој пат во Скопје на домашен терен од полски Виве Келце со резултат од 29:33. Гостите уште во првото полувреме ја има предноста па првите 30 минути ги завршија со позитива од 13:16.
Вардар по четири кола има една победа, едно реми и две порази. Во следната рунда која е предвидена да се игра на 25 ноември, тимот треба да гостува во Полска на возвратен диел со Келце.
Вардар немаше подршка од голманите, а во листата на стрелци се истакнаа Јотиќ со 6 гола, Чупиќ и Дибиров имаа по 5 гола, додека Гоце Георгиевски го одигра само второто полувреме и при тоа постигна 4 гола. Во победничкиот табор, голманот Волф имаше одличен меч со 13 одбрани, а бекот Алекс Душебаев беше фантастичен во напад и постигна 10 гола.



