Екипата од Скопско Тафталиџе без одмор, и со успеси и на Балканот, во Скопје, поточно СРЦ „Кале“ „падна“ и бугарскиот клуб Берое.
Кошаркарите на ТФТ не прекинуваат со изненадувањата, оние пријатните. Дебитантот во нашата Прва лига и во Балканската БИБЛ лига, стигна до уште еден историски момент, ја забележа првата официјална меѓународна победа.
После стартниот пораз во македонскиот дуел од Куманово, денеска во својот втор натпревар од Балканската кошаркарска лига триумфираше против Берое со резултат 80:75.
Најзаслужни за победата беа Херис со 25 поени (10 асистенции) и Андерсон со 24 поени. На спротивната страна Мичел реализираше 23 поени (четири асистенции).
Моментно на табелата води Академик Бултекс од Бугарија со шест бода од три натпревари, претпоследен е ТФТ на петтата позиција со три бода од два меча, а Куманово последен на шестото место со два бода, но само еден одигран натпревар.