Откако ја елиминираа Црвена Ѕвезда во третата квалификациска рунда за ЛШ, фудбалерите на Шериф Тираспол се на прагот на нова сензација.
Имено, молдавските претставници се со ,,една нога” во групната фаза на најелитното европско клупско натпреварување, откако денес го декласираа Динамо Загреб со 3-0.
Иако важеа за аутсајдери, домашните фудбалери доминираа во текот на цел меч и заслужено дојдоа до победата.
По еден погодок во двете полувремиња постигна Адама Траоре (45′, 80′), кој воедно беше и играч на натпреварот, а вториот гол беше дело на Димитриос Коловос.
Реваншот на ,,Максимир” е закажан за 25 август со почеток од 21.00 часот по локално време.